ЛИНГВАФАН е акредитиран центар за странски јазици со Сертификат за квалитет на MAQS – Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици. MAQS e асоцијативна членка на EAQUALS – Европската асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици.

ЛИНГВАФАН е еден од основачите на MAQS во 2003-та година, и е избран како еден од неколкуте центри во Македонија вклучени во Проектот на Британскиот совет за востановување и воведување на критериуми и стандарди за квалитет во наставата по странски јазици, во се според важечките Европски стандарди во оваа област.

Досега Лингвафан ги помина успешно 3-те редовни реинспекции, кои се вршат на секои 3 години и докажал дека го задржал вопоставениот квалитет и високите професионални стандарди во согласност со европските критериуми.

ЗАЛОЖБА

Сакаме и настојуваме нашите ученици, слушатели и клиенти и кај нас да уживаат во наставата. Ние постоиме за нашите клиенти и затоа секој вработен во Центарот  ЛИНГВАФАН:

  • Ќе Ви помогне во Вашето учење на секој можен начин;
  • Ќе помогне во совладување на училишната јазична програма на Вашето дете;
  • Ќе се однесува кон Вас љубезно и со почит;
  • Ќе го реши секој проблем во Вашиот клас;
  • Ќе Ве охрабри и ќе Ви помогне да добиете максимум од она за што сте дошле во нашиот Центар.

ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ИЛИ ПРАШАЊЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ОДГОВОР И РЕШЕНИЕ ОД НАСТАВНИКОТ, ДИРЕКТОРОТ ЗА НАСТАВА ИЛИ ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО.

 

ЛингваФан