Чешкиот јазик (čeština или český jazyk) е западнословенски јазик кој е официјален и доминантен јазик во Чешката Република. Јазикот го зборуваат околу 12 милиони луѓе во Чешка и чешката дијаспора. Чешкиот јазик е сроден и тесно поврзан со словачкиот јазик, но и со останатите западнословенски јазици.

Чешката азбука е писмо што го користи чешкиот јазик, базирана е врз латиничната азбука но со видни модифицирања и додавања на букви за задоволување на потребите на чешкиот фонетски систем. Азбуката е официјална на територијата на Република Чешка и има 42 букви. Карактеристична буква за чешкиот јазик е буквата Ř и означувањето на должината на самогласките.