Италијанскиот јазик (la lingua italiana) кој припаѓа на романската јазична група (фамилија индоевропски јазици) го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живее во Италија, Сан Марино и јужна Швајцарија. Стандардниот италијански јазик е заснован на фирентинскиот дијалект и е нешто како среден јазик помеѓу јазиците на јужна Италија и галско-романските јазици на северот. Стариот тоскански стандарден јазик, во последните неколку децении, попримил влијанија од италијанскиот говор од Милано, економскиот центар на Италија. Италијанскиот е службен јазик во Италија и Сан Марино, као и во Швајцарските кантони Тичино и Гриџони. Италијанскиот заедно со латинскиот е втор службен јазик во Ватикан, заедно со словенечкиот е службен и во словенечките приморски општини Копер, Изола и Пиран, а исто така заедно со хрватскиот се користи и во Истра каде што живее италијанско малцинство.