Рускиот (русский язык) е источнословенски јазик, од групата на словенски јазици од семејството на индоевропски јазици. Рускиот јазик е мајчин јазик на Русите, и национален јазик на Русија. Јазикот е официјален и во Белорусија, Украина, Казахстан и Киргистан, а се зборува на високо ниво во сите држави од поранешниот Советски Сојуз. Рускиот јазик потекнува од староисточнословенскиот јазик и денес е најголем словенски јазик во светот со 150 милиони говорници. Јазикот се пишува на кирилица, поточно на руската азбука.