Шпанскиот јазик (español) или познат како кастилјски јазик (lengua castellana) е романски јазик од групата на ибероромански јазици. Јазикот се развил од неколку јазици и дијалекти кои се зборувале во централниот дел на Пиринејскиот Полуостров во IX век. Јазикот постепено се зголемувал и се приширувал со експанзијата на Кралството Кастилја.

Кастилјскиот е признат како официјален во над 20 држави и поголем број меѓународни организации.