Словенечкиот јазик или, често погрешно нарекуван и само словенски (словенечки: slovenski jezik или slovenščina) е еден од словенските јазици. Го говорат приближно 2 милиони говорници ширум светот, од кои повеќето живеат во Словенија. Тој е еден од малкуте јазици што го зачувале двоината од праиндоевропскиот јазик. Неговата граматика е доста сложена и големиот број на именувани дијалекти спореден со бројот на говорници индицира на големи варијации во јазикот.