КОИ СМЕ НИЕ
Центар за странски јазици и преводи основан во 1990 год со седиште во Скопје, чија примарна дејност е организирање и изведување на настава за јазични курсеви. Во текот на своето 27-годишно постоење се разви во реномиран јазичен центар со училишта на 3 локации во Скопје.
ЛИНГВАФАН е акредитиран центар за странски јазици со Сертификат за квалитет на MAQS – Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици. MAQS e асоцијативна членка на EAQUALS – Европската асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици.
ЛИНГВАФАН е еден од основачите на MAQS, кој во 2003-та година беше избран како еден од неколкуте центри во Македонија вклучени во Проектот на Британскиот совет за востановување и воведување на критериуми и стандарди за квалитет во наставата по странски јазици, во се според важечките Европски стандарди во оваа област.
Сите овие години при редовните реинспекции, Лингвафан го докажал воспоставениот и одржан квалитет и високите професионални стандарди во согласност со европските.
СЕДИШТЕ, АДРЕСИ, ТЕЛЕФОНИ, КОНТАКТИ
(а) Седиштето на “ЛИНГВАФАН” е во Скопје, населба Аеродром,
Бул. Јане сандански бр.118/1-2, каде и се изведува и настава по бараните странски јазици.
Телефон: 2446-227.
-Други локации на кои се изведува наставата по странски јазици се:
(б) ул. Иво Лола Рибар бр.29/2-3, Скопје – Центар
Телефон: 3117-386; Факс: 3228-921
(в) ул. Ванчо Мицков бр. 36-а, Скопје- Тафталиџе2
Телефон 3078-969
e-mail: lingvafan@yahoo.com
web-site: www.lingvafan.mk
КОЈА Е НАШАТА ДЕЈНОСТ
Нашата основна дејност е организирање и изведување настава за бараните јазични курсеви по странски јазици, за сите возрасти и нивоа според заедничката европска референтна рамка – CEFR и меѓународните стандарди.
Нудиме курсеви по:
– АНГЛИСКИ, ГЕРМАНСКИ, АЛБАНСКИ, ГРЧКИ, ФРАНЦУСКИ, ИТАЛЈАНСКИ, ТУРСКИ, ШПАНСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШВЕДСКИ, РУСКИ и МАКЕДОНСКИ ЗА СТРАНЦИ;
– Забавиште на англиски јазик за деца од предучилишна возраст;
– Македонски за странци;
– Јазично тестирање и сертификација;
– Специјализирани курсеви по странски јазици
прилагодени на барањата на клиентите и јазичното ниво;
– Викенд курсеви;
– Писмени и конференциски преводи;
– Индивидуални јазични курсеви (еден на еден);
– Курсеви во простории на клиентите, прилагодени и дизајнирани според нивните потреби;
– Подготвителни курсеви за меѓународни испити;
– Јазично тестирање за издавање потврди за јазична компетентност.
ПРОСТОРИИ, ОПРЕМА И НАСТАВНИ ПОМАГАЛА
ЛИНГВАФАН располага со модерно опремени простории за изведување настава на три локации, најблиску до Вашиот дом, училиште или работа и тоа во Аеродром, Центар и Тафталиџе 2, при што се користат современи аудио-визуелни средства и помагала, постери, flash cards, дидактички играчки, адекватни ресурси и друго.
На располагање на слушателите на ЛИНГВАФАН им стои и библиотека на училиштето, класифицирана и прикажана по различни нивоа.
КОИ Е НАШИТЕ СЛУШАТЕЛИ
– Деца од предучилишна возраст од 4 – 6 год;
– Деца од основно образование;
– Младинци и средношколци;
– Универзитетски студенти;
– Возрасни;
– Професионални стручњаци;
– Странски студенти, експерти, дипломати и др
КОИ СЕ НАШИТЕ НАСТАВНИЦИ
Наставата на јазичните курсеви ја изведуваат дипломирани професори по странски јазици со доволно педагошко искуство спремни да го планираат и реализираат образовниот процес и да го пренесуваат знаењето на слушателите.
Нашите наставници се посветени млади професионалци со извонредни педагошки способности и афинитет и љубов за работа како со деца и младинци, така и со возрасни слушатели. Тие ги пратат најновите достигнувања во образованието преку интерни и меѓународни семинари, како и учество на стручни конференции во земјата и странство.