Развивајте континуирано  креативен и  иновативен  потенцијал. Развивајте  се постојано. Надминете ги границите на извонредноста, предефинирајте ја извонредноста, стекнете  ново знаење. Ова се нашите водечки мисли. Тие се засновани на вредностите по кои живееме и работиме. Ден по ден не водат до нови победи. Придружете  ни се и надминете ги границите на Вашата извонредност. Дознајте како!

Изборот на личен и професионален развој, како животна цел е патот кон реализација на желбите и потребите. Со доживотното учење и усовршување на нашите знаења и вештини, ние постојано се развиваме, поттикнувајќи ги границите на извонредноста и постигнувајќи успеси за кои само сме сонувале порано.

Курсот за  странски јазици или компјутери е активност која Ви помага да ги поместите границите на извонредноста и да реализирате нови можности за успеси. За некој, стекнувањето на нови вештини носи нови бизнис можности, а други се одлучуваат за овој предизвик бидејќи со учење на јазик или компјутерска едукација ги подобруваат своите ментални способности и го успоруват процесот на стареење.

Лингвафан е училиште во кое желбите стануваат реалност!

Од мало училиште на само 70 м2 во 1990 година, Лингвафан денес стана едно од најголемите училиште за странски јазик и компјутери во Македонија. Сместено на 3 локации , акредитирано од МОН и член на EAQUALS , Eвропска асоцијација за квалитет  на наставата.  Квалитетот на нашите услуги и нашата работа ги формираат основите на нашата извонредност. Инвестираме во подобрување на квалитетот, но, исто така, ја подобруваме нашата работа и бизнис преку континуиран процес на евалуација , но и од нашите клиенти, партнери и општеството во кое живееме и работиме.

Станете и Вие подобра верзија од себе!

Ако сте меѓу оние кои сакаат да станат подобра верзија на себе ,курсевите во Лингвафан, за странски јазици и компјутери се вистинскиот избор за вас. Имате одлична можност да ги подобрите Вашите јазични и компјутерски и тоа преку редовни, интензивни или суперинтензивни курсеви во краток рок.

Докажи дека можеш! Сега е на тебе редот!

А сега е твој ред да им покажеш на сите и да докажеш дека можеш да го направиш тоа! Охрабрете се и направете позитивни промени, и ветуваме дека ќе ги ставиме Вашите потреби и желби на прво место и ќе сториме сé што е во наша моќ, за да Ви помогнеме, да ги постигнете Вашите лични и професионални цели. Искористете го времето паметно, за да успеете и да достигнете ново ниво на извонредност, со помош на еден од курсевите во Лингвафан!

Со нетрпение очекуваме да ве запознаеме и да ве поддржиме на патот кон нови победи!

Напиши коментар