Нашето училиште нуди стандардни курсеви за странски јазици и тоа за: англиски, германски,шведски, грчки, турски,албански шпански, италијански,француски, руски, холандски и македонски за странци.

Курсот Лингвафан Стандард е најчестиот избор на нашите кандидати повеќе од три децении. Курсевите се одржуваат двапати неделно по 90 мин. Ова е стандардна динамика за учење која гарантира долгорочни и квалитетни резултати кои ги постигнуваме со редовни посети во подолг временски период, во ритам прилагоден на динамиката на модерниот живот.

Нашите курсеви за странски јазици се според Европската рамка за квалитет во наставата Eaquals. Kурсевите се одржуваат од ниво А1 до Ц2.

По завршувањето на курсот, кандидатите добиваат двојазичен сертификат според класификацијата на ЕУ.

Врeметраење на еден стандарден степен: Еден степен А1.1 кандидатите го завршуваат за 4 месеци

Број на кандидати: Групите се од 6-8 кандидати