Заради постојаните и брзи промени со кои сме опкружени, доживотното учење е поважно и дно од било кога досега. Бидејќи во Лингвафан цетарот е   индивидуалецот, ние го цениме таквиот пристап кон учењето и предавањето. Со учењето и инвестирањето во себе, градиме нови знаења, но и нов свет. Изберете курс во Лингвафан, одлучете се да инвестирате во себе и Вашето знаење, и помогнете ни да изградиме подобар свет кој се базира на соработка, а не на конфликт!

#Градиме знаење

Во време на брзи и постојани промени, постои зголемена потреба за подобрување на вештините и компетенциите на луѓето. Доживотното учење игра важна улога во ова и благодарение на вродената човечка потреба за учење, можеме оправдано да заклучиме дека човекот навистина учи  додека е жив, а тоа е убавината на животот.

Имајќи предвид дека Лингвафан го сочинуваат луѓе, а не само  училници и канцелариски простории, ние имаме за цел да промовираме доживотно учење во се што правиме – и професионално и приватно.

На овој начин, со сопствен пример, ја истакнуваме важноста од градење на знаење преку важноста на доживотното учење. Со учењето, критичкото размислување, инвестирањето во себе и во организацијата, градиме нови знаења и вештини, но и нов подобар свет – во кој несогласувањата се решаваат со разговор и компромис, а не со конфликт.

#Креираме нови прилики

Курсевите по странски јазици и компјутери Ви отвораат нови можности ! Ако одлучите да се запишете на курс по јазици или компјутери о Лингвафан, Вашиот живот ќе биде исполнет со нови знаења и  можности, а тоа отприлика изгледа на овој начин:

Се будиш со чувство на сигурност во себе и твојата вредност! Со нетрпение  ја чекате секоја нова недела, бидејќи тоа значи дека е време за вашата нова активност – курс по странски јазик или компјутери! Оваа активност носи позитивна промена во вашиот живот, и Вие сте посреќни и поисполнети од ден за ден!

Од недела по недела Вашите знаења и вештини се зголемуваат и се чувствувате се посигурни и посигурни и сакате да го споделите Вашето задоволство со другите!  Емоциите кои ве исполнуваат, се нашата желба и цел. Нашата мисија е да Ви покажеме како курсот на странски јазик или компјутери, ќе ви помогнат да изградите нови можности на деловен и приватен план од  ден за ден.

Придружете ни се!

Ние сме тука да ве поддржиме во Вашите цели и да Ви помогнеме да освоите нови хоризонти. Во Лингвафан, секогаш можете да сметате на мотивирачко место за Вашиот развој, како и на место кое го негува Вашето мислење, доверба и напор!

Ако во Вас ја разбудивме желбата да успеете и да изградите знаење, одлучете се за нас и пријавете се на 070 221216 или испратете емаил на lingvafan@yahoo.com ! Овде почнува Вашиот нов свет!

Се гледаме!

Напиши коментар