ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на веб порталот lingvafan.mk се една од приоритетните задачи на нашата компанија. Лингвафан ДООЕЛ, Скопје, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси. Оваа политика за приватност објаснува кои податоци се собираат од страна на Лингвафан за време на вашата посета на нашите веб страници и како тие се користат. Собирање и обработка на лични податоци Заради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страна, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со посетата на веб страниците.
Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики.
Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“, можат да бидат искористени само за потребите на Лингвафан и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. При посетата на веб страниците на Лингвафан, нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации. Личните податоци кои се собираат за време на Вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Северна Македонија.
Користење и пренос на лични податоци
Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради техничко администрирање и заради задоволување на Вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе бидат користени за комуникација со Вас, исклучиво во врска со наставата , а за директен маркетинг само врз основа на Ваша изречeна. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон.
Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. Лингвафан ДООЕЛ Скопје, на ваше писмено барање ќе Ви овозможи увид во сите Ваши лични податоци со кои располага (име, презиме, адреса и сл.).
Сигурност
Лингвафан, ДООЕЛ Скопје, ги презеде сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
Контакт
Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата lingvafan@yahoo.com. Вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.