Нашето училиште нуди ИНТЕНЗИВНИ курсеви за странски јазици и тоа за: англиски, германски,шведски, грчки, турски,албански шпански, италијански,француски, руски, холандски и македонски за странци.
Курсевите се одржуваат три пати неделно по 90 мин. Ова е стандардна динамика за учење која гарантира долгорочни и квалитетни резултати кои ги постигнуваме со редовни посети во подолг временски период, во ритам прилагоден на динамиката на модерниот живот.
Нашите курсеви за странски јазици се според Европската рамка за квалитет во наставата Eaquals. Kурсевите се одржуваат од ниво А1 до Ц2.
По завршувањето на курсот, кандидатите добиваат двојазичен сертификат според класификацијата на ЕУ.
Врeметраење на еден ИНТЕНЗИВЕН степен: Еден степен А1.1 кандидатите го завршуваат за 2 месеци
Број на кандидати: Групите се од 6-8 кандидати