Добредојдовте во Лингвафан, Центар за странски јазици и компјутери, Скопје. Исклучително сум горда на нашите програми , бидејќи нè прават уникатни. Нашето училиште е посветено на обезбедување квалитетно образование на сите наши клиенти .

Училиштето има оддел за странски јазици (се изучуваат сите светски јазици, за сите возрасти и нивоа) и оддел за компјутерска едукација ( се изучуваат сите програмски јазици, дизајн и анимација).

Училиштето и професорите се комплетно посветени на успехот на нашите студенти и користат европска наставна рамка, која се фокусира на критичко размислување, професионализам и лидерство. Особено внимание ставаме на интелектуалната љубопитност, услугата за другите и глобалната перспектива, а тоа ни овозможува да обезбедиме идеална средина за учење , за секој поединечен студент.

Лингвафан има 3 локации на територијата на Скопје и тоа: Аеродром, Тафталиџе2(Реплек) и Центар . Успехот на нашето училиште е потврден преку нашата соработка со повеќе организации, министертва и амбасади.

Чест ми е што сум директор на училиште, во кое е интегрирана извонредност во секоја една услуга.

Ве молиме истражете ја нашата веб-страница, за да дознаете повеќе за нашето училиште, студенти и персонал, како и за нашите многубројни иницијативи во иднина , во областа на едукацијата и градењето на успешна кариера.

Со почит,

Фанија Стошиќ Николовска, Дипломиран филолог

Нашето мото е : едуцирај, испирирај и заедно да ги поместуваме границите !