Училиштето за странски јазици ,Лингвафан, е основано во 1999 година и има стекнато богато искуство во наставата по странски јазици. Нудиме курсеви за англиски, германски, италијански, француски, шведски, шпански, албански, грчки, турски, руски, холандски и македонски за странци. Изучувањето странски јазици во Лингвафан се базира на различни креативни и иновативни методи, во согласност со различните јазици, видот или времетраењето на курсот. Дополнително, наставните методи постојано се подобруваат во согласност со светските трендови во областа на наставата по јазици. Без разлика на јазикот, видот и времетраењето на курсот, на сите наши јазични курсеви се посветува големо внимание да се мотивираат студентите да ги развиваат своите способности за учење странски јазици и да го прошират своето знаење на ефикасен и лесен начин.
Нашите искусни наставници се посветени на својата струка и секогаш се подготвени да обезбедат висококвалитетни часови и сета потребна помош и поддршка во учењето странски јазици. Училниците во кои се учи се пријатни и модерни простории, со различна големина, во зависност од намената .